| четврток, 6 декември 2018 |

Станковиќ: Уште неколку треба да се потпишат за ги вратиме мандатите

Социјалдемократите оставнуваат на ставот да ги вратат пратеничките мандати и да ги бојкотираат локалните избори, изјави Емилијан Станковиќ, пратеник од СДСМ. Телевизијата Сител повикувајќи се на извор од СДСМ тврди дека, партијата предводена од Бранко Црвенковски, сепак, ќе учествува на изборите во март

stankovic-604x272
-Собираме потписи за оставки на пратениците од СДСМ. Останаа уште неколку да се потпишат. Откако ќе ги собереме ќе ги доставиме до Собранието. Не отстапуваме од нашата решеност да ги вратиме мандатите- изјави  пратеникот на СДСМ, Емијлијан Станковиќ за „Република“.

Тој соопшти дека и деновиве продолжуваат со караванот, а трошоците на учесниците на протестот со возила секој учесник сам си ги подмирува. Станковиќ не знае до кога ќе трае протестот.

-Не се враќаме во парламентот и нема да учествуваме на локалните избори. Ставот е цврст и нема шанси да го смениме- вели тој. Според него, единството во СДСМ никогаш не било посилно и тие нема да глумат лажен бојкот, односно немаат намера да истрчаат на локалните со независни кандидати зад кои би застанала партијата.

Телевизијата Сител повикувајќи се на истакнат член на СДСМ, кој барал да остане анонимен, објави дека социјалдемократите, сепак, ќе се појават на локалните избори во март, а протсестот бил во наскока да се прикрие тоа што нивните кандидати немаат подготвено програма со која би настапиле пред граѓаните.

Крајниот рок за поднесување на кандидатски листи за крадоначалници и советници е 16 февруари, а тогаш најдобро ќе се знае дали СДСМ ќе остане на ставот за бојкот или ќе учествува на градоначалничката трка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top