| четврток, 6 декември 2018 |

Фото: Позиција и опозицијата на мегдан – овојпат во фудбал

bt4

фото: Игор Ангелковски

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје денеска се игра финалниот натпревар меѓу Светло-синиот тим (СДСМ, ЛДП, ОПЕ, СПМ и ДПТМ) и Зелениот тим (ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДЛБМ, ДПСМ и ДС), во рамките на вториот традиционален мултипартиски фудбалски турнир кој започна вчера.
Турнирот се реализира во рамки на програмата „Политички дијалог помеѓу младите политичари во Република Македонија“, под слоганот „Фер плеј: Заедно за заеднички успех“ кој го организира Институтот за економски стратегии и меѓународни односи од Охрид со поддршка на Амбасадата на САД.

Станува збор за единствен турнир во мал фудбал во кој претставници на младинските организации од 14 политички партии, во мешани тимови заедно играа за победа и покажаа фер плеј на теренот. Младинските организации на политичките партии кои четири години работат со Институтот Охрид на подигнување на политичкиот дијалог се дел од овој турнир. Вклучени се ВМРО- ДПМНЕ, ВМРО- НП, СДСМ, НСДП, ЛДП, ДУИ, ДПА, ДЛБМ, ДПТМ, СПМ, Демократски сојуз, ДПСМ, ОПЕ и ДОМ.

bt6 bt8 bt2 bt5 bt pancev bt1 bt3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top