| четврток, 6 декември 2018 |

Разбојник влегол во дом на баба, ја нокаутирал и ја ограбил

baba place

Засега непознат и крајно дрзок разбојник, откако не успеал со лажно преставување да влезе во дом на една баба, насилно и влегол во станот и заканувајќи се со нож ја удрил и ја ограбил.

Настанот се случил вчерта околу 07,20 часот во Скопје на булевар „Партизански Одреди“, во домот на Б.Р. (70), засега непознат сторител извршил разбојништво над истата, при што и одзел околу 5.000 денари. Имено, сторителот заѕвонил на врата, а откако оштетената ја отворила, тој се претставил како пријател на нејзниниот сопруг и побарал од неа да му даде пари, кои наводно тој ги потрошил носејќи го нејзиниот сопруг во болница, бидејќи истиот паднал и се здобил со повреди. Б.Р. се посомневала во приказната на сторителот и се повлекла внатре во ходникот и ја земала здравствената книшка од сопругот, а сторителот од јакната извадил нож кој бил завиткан во хартии од весник и со закана со истиот,  ги побарал парите и тргнал кон неа, по што ја удрил неколку пати со тупаница во пределот на главата, ги земал парите од рака, а оштетената паднала на подот во ходникот. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top