При вчерашната тешка сообраќајна несреќа на Партизанска, кога четири луѓе беа повредени, возилото на Итната медицинска помош певезувало болно четириагодишно дете, кое благодарение на реакцијата на медицинската сестра останало неповредено во страотниот судар.
Ова нзачи дека сепак во Итната помош имало пациент. Првично беше објавено поинаку.
Според информации на порталот zdravstvo24.mk возилото на Брза помош било со вклучено ротационо светло. Судирот се случил во 15:15 на раскрсницата од булеварот Партизански одреди и Октомвриска револуција. Екипата детето го превезувала од Градската општа болница „8 Септември“ до Клиниката за детски болести. Детето е во стабилна состојба и без повреди.
Го спасила медицинската сестра која во моментот на несреќата ја испружила раката детето да не ја повреди главата. Таа завршила на Ургентен со гипс на раката.
Во Ургентниот центар на скопските клиники помош им била укажана и на лекарката од службата за Итна медицинска помош, како и на возачот. Лекарката имала потрес на мозокот, а возачот е со полесни повреди и е во стабилна состојба. Сите тројца се пуштени на домашно лекување, велат за zdravstvo24.mk лекарски извори.
Во сообраќајката биле повредени и двете лица кои биле во „пасатот“. Причините за несреќата треба да ги утврди полицијата која извршила увид на местото на сообраќајката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.