Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски го разрешил од функција својот шеф на кабинет Маријан Маџовски уште во септември, кога тој беше обвинет за злосторничко здружување и уцена во случајот „Шпион“, пишува „Слободен печат“
Генералниот секретар на Собранието, Жарко Денковски, изјави дека Маџовски бил суспендиран веќе следниот ден откако истражен судија му одредил мерка притвор.
Маџовски, сега од шеф на кабинет на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ќе работи како раководител на секторот за поддршка на Советот на собранискиот канал, чиј што претседател е потпретседателот на Собранието и пратеник на СДСМ, Јани Макрадули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Макрадули: Не сакаме да им купуваме маски на сите луѓе
-
Борбата за здрава животна средина не трпи популизам, рече Макрадули и остана жив
-
Членовите на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија седницата за одземање на мандатот на Груевски
-
Вељановски: Нема да учествуваме во менување на Уставот, немате двотретинско мнозинство