Бриселската полиција денеска најде тело на 60-годишен маж, кој бил изеден до коска од неговите четири кучиња, јавува дописникот на МИА од Брисел.
Од човекот висок 1,70 метри останале само неговите коски од кои најдолгата само 50 сантиметри!
Според Марија Вербеке, портпарол на бриселската полициска станица „Миди“, човекот што бил изеден умрел од природна смрт пред три недели. Откако нивниот господар починал, неговите четири мали домашни миленичиња почнале да го голтаат неговото месо. Кучињата по откривањето на ужасната слика биле однесени во прибежиште за животни, но според најавите тие ќе бидат евтаназирани.
Телото, односно коските на 67-годишниот Жак Б., полицијата ги откри по предупредување на негов сосед кој бил загрижен за повеќенеделното отсуство на Жак.
Во само две недели, ова е втор ужасен настан во Брисел, откако претходно полицијата во стан во престолнината откри тело во распаѓање на повозрасен маж, со кого во таква состојба си живеела неговата сопруга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.