„Сега имаме многу поедноставена процедура каде матичниот лекар директно ги упатува пациентите во андролошкиот кабинет во поликлиниката Букурешт. Многу се скратува патот на пациентите и се забрзува дијагностиката која е од големо значење за лекување или за применување на други медицински методи како што е ин витро фертилизацијата. Се скратува времето, но и малтретирањето на пациентите “, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров.
Партиципацијата за услугата чини 150 денари.
„Тука партиципацијата е неколкукратно поевтина што ја прави оваа услуга многу подостапна за граѓаните. Очекувам дека овој Андролошки кабинет, како и сите други кабинети кои ги отворивме во Здравствениот дом, сериозно ја приближија здравствената услуга до граѓаните и може да одговорат на се поголемата потреба од здравствени услуги. Мораме преку вакви мерки да овозможиме што е можно поголем број здравствени услуги да бидат поблиску до граѓаните“, рече Тодоров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.