| четврток, 6 декември 2018 |

Центар за дијабетес во поликлиниката „Бит-пазар“

бит

Во поликлиниката „Бит-пазар“ во рамки на Здравствен дом – Скопје од минатиот месец е отворен нов Центар за дијабетес, во кој досега се реализирани вкупно 519 прегледи. Центарот работи секој ден од 7.30 до 14.30 часот.

Според податоците од системот „Мој термин“, изминатата година се прегледани вкупно 15.236 пациенти во центрите за дијабетес во поликлиниките „Букурешт“ и „Јане Сандански“, при Здравствен дом – Скопје. Со оглед на големиот број реализирани прегледи, Здравствен дом – Скопје ја прошири оваа дејност со отворање нов Центар за дијабетес во поликлиниката „Бит-пазар“.

За потребите на Центарот, соопшти Здравствен дом – Скопје, во поликлиниката „Бит-пазар“ е адаптиран и уреден соодветен простор, а со цел доусовршување на кадарот, спроведена е доедукација на доктор-специјалист по интерна медицина во Ново Место, Република Словенија и на Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и болести на метаболизмот.

На тој начин, како што се наведува, се овозможи растоварување на постојните два центри, имајќи предвид дека кон новиот Центар за дијабетес гравитираат пациенти од општините Чаир, Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари.

Воедно, покрај инсулинската терапија која досега пациентите можеа да ја подигнат во инсулинската аптека во оваа поликлиника, во Центарот за дијабетес пациентите добиваат комплетна здравствена услуга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top