| четврток, 6 декември 2018 |

МВР стави клуч на вратата на Музејот на Македонија, се стега обрачот околу вработените

По две седмици исчекување вработените да ги избројат исчезнатите предмети и да ја поправат евиденцијата, МВР денеска стави клуч на Музејот на Македонија во обид да ја засили истрагата и да ги примора учесниците во криминалот да признаат каде се однесени златните артефакти, објави „Алфа“.
_Upload_Vesti_ljubooo_20131122164258
Откако полициските инспектори, тврдат во МВР за Алфа, забележале дека вработените немаат намера искрено да зборуваат за бројот на предметите, за времето кога исчезнале и за тоа кој од нив кога изнесувал предмети, од денеска сите активности ги ставиле под контрола. За почеток ги затворија сите приоди до зградите на Музејот. Обезбедувањето и полицијата имаат задача да не пропуштаат никого и не упатија да снимаме само од непрегледни точки. На полицијата и помагаат инспектори од министерството за култура и Управата за културно наследство.
Кустосите пак на Музејот во писмената реакција до медиумите нагласуваат дека соработуваат со полицијата и дека до сега е утврдено дека недостасуваат 121-но парче, исклучиво златен накит од четири збирки. Пописните комисии констатирале дека украдениот материјал бил избран затоа што оштетениот не бил однесен. Секое користење на предметите од страна на кустосите се запишува, а нив ги надгледува ракувачот на депото кој води смета за предметите и евентуалните недостатоци.
При последниот попис во 2009-тата, но и до 2013-та кога биле правени каталози, сите предмети биле во депото. Пред еден месец за прв пат некој забележал дека ги нема и пријавил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top