При посета на Крушево, заменик- претседалот на СДСМ, Радмила Шекеринска, претстави предлог кој, според партија, ќе придонесе за развој на туризмот, а се состои во делење на зимскиот распуст на два дела, со тоа што вториот дел би бил во февруари и би ја продолжил зимската туристичка сезона.
– Една од мерките на нашата програма предизвика внимание кај сите оние кои се занимаваат со зимски туризам. А, тоа е дека ќе го поделиме зимскиот распуст за децата од основното и средното образование и ќе овозможиме, освен споените божикни и новогодишни празници, вториот дел на зимскиот распуст да биде во февруари. На тој начин ќе им помогнеме на зимските центри, како Крушево, да ја продолжат зимската сезона и да им овозможат егзистенција на младите дома, во својата општина, а не надвор од државата – изјави Шекеринска.
Премиерот Груевски изјави дека предлозите што ги дава опозицијата се необмислени и контрадикторни.
– Една категорија предлози кои изгледаат малку комично, од типот дека туризмот во Крушево ќе го решат со тоа што ќе се прошири распустот на децата во училиштето. Тоа изгледа комично. Ќе ги дуплираат субвенциите за земјоделците. Замислете, тоа беа луѓе кои воопшто не даваа субвенции за земјоделците, а сега, откако ние даваме по 135-140 милиони евра годишно, тие велат дека ќе ги дуплираат и тоа на луѓето им звучи смешно – рече Груевски.
Некои од мерките на Владата во туризмот се:
– намален данок на ДДВ за туристички услуги од 18% на 5%
– субвенции за привлекување странски туристи
– почетна цена од евро за квадратен метар за земјиште за изградба на хотели (Мериот на скопскиот плоштад и Хилтон во Аеродром)
– Македонско село, туристички комплекс и слични туристички атракции
– евтини кредити за изградба на мали туристички објекти
– туристички развојни зони со голем број на поволности
Според податоците на статистиката, туризмот изминатите години бележи постојан пораст на туризмот во поглед на бројот на странски туристи и на приходите.
Во периодот јануари-септември 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4,9 проценти, и тоа кај домашните туристи има намалување за 3,4%, а кај странските има зголемување за 12,7%.
Конкретни проекти за Крушево
– модернизација на ски-центарот со 1 милион евра
– изградба на нова населба за туризам
– проект „Крушево етноград“
– Меморијален центар за Тоше Проески
– патот до манастир „Свето Преобразение“
– нов градски плоштад
– крушевските земјоделци добиваат субвенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)