| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ кумувал на „Конгреси и Манастирит“

cair skoloЧаирското основно училиште „Конгреси и Манастирит“ (Shkolla Fillore Kongresi I Manastirit Shkup) го добило своето име уште во 2006 година, за време на владеењето на СДСМ, и тоа со одлука на тогашната влада во која вицепремиер беше Радмила Шекеринска, велат документите што ги објави Нетпрес.

Именувањето на училиштето било направено со допис од тогашното министерство за образование, во март 2006 година, документ потпишан од тогашниот државен секретар во МОН, Зоран Поповски.
 Дописот бил испратен до градоначалникот на општина Чаир, со позитивно мислење за формирање ново основно училиште. Дописот бил испратен и до Владата, која на својата 87. седница, одржана на 9 март 2006 година, донела одлука за формирање на ново основно училиште со име „Конгреси и Манастирит“. Поточно новото училиште настанало со издвојување на дел од Основното училиште „Лирија Скопје“.
Дел од тогашната влада биле Радмила Шекеринска, Азис Положани, Благоја Стефановски, Владимир Димов и други.
Изминативе два дена одредени медиуми блиски до опозицискиот СДСМ се обидоа да протуркаат во јавноста наводна афера токму околу ова училиште, најверојатно незнаејќи дека е основано токму за време на владеењето на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top