Во тек се последните подготовки за ракометното дерби меѓу Вардар и Металург, кое ќе се одигра в недела од 18 часот, во рамките на шестата рунда од Лигата на шампионите.
Како што кажа капитенот на Вардар, Филип Лазаров, тие во мечот со Металург очекуваат да освојат нови бодови кои ќе им помогнат да ја поминат групата. Исто така, додаде дека „Комитите“ се непроценливо богатство за нив.
– На овој натпревар очекувам 90 проценти наши навивачи, да нѐ понесат кога ќе ни биде тешко, ние сме тука да играме за нив, да ги радуваме, а тие да нѐ бодрат – рече Филип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.