| четврток, 6 декември 2018 |

Маџиров одликуван со орден во Германија

Македонскиот музичар Зоран Маџиров е одликуван со орден за високи заслуги во Германија. Медалот му е доделен за посебни истакнувања во полето на музиката како оригинален музичар и за неговото неуморно ширење на музичката култура низ цел свет во последните 25 години.

Германскиот орден за заслуга на Маџиров му го доделија баерскиот принц Мануел Први ди Нардо и принцезата Астрид Прва Денглер. Одликувањето се одржа синоќа во Минхен.

Посебно беше нагласена пораката на Маџиров дека уметноста и уметниците со своите идеи и дела носат одговорност од цивилизациско значење со што ја прават оваа планета поубаво место за живеење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top