„Дубиоза колектив“ го поздравува преминот од есен во зима со пригодна акустична изведба на песната „Транзиција“. Видеото е снимено во јануари 2013 година во Орсиере во Франција, за време на едно долго возење со жичарница.
Босанската група ја изведе песната во две гондоли, а синхронизацијата е постигната така што сите слушаа метроном во исто темпо.
Сите грешки и фалшови во изведбата се предизвикани од големата надморска височина, разредениот воздух и недостатокот на јаглерод моноксид во белите дробови. Бендот се огради од евентуална емотивна болка предизвикана со слушањето на оваа снимка.
„Дубиоза“ планира во иднина по „Криво је море 2“, „Сјечам се“ и „Транзиција“ и други песни од „Апсурдистан“ да добијат веб-видео акустична верзија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)