Коментирајќи ја одлуката на ракометарот на РК Вардар да не настапува за руската селекција на престојното ЕП и барањето за пауза од националните настапи, Трефилов вели дека Дибиров е предавник.
– Тој е одличен играч, поседува одлични квалитети и секогаш позитивно сум зборувал за него. Како и да е, лошо е што руската репрезентација ќе загуби еден ваков играч, но мислам дека неговото откажување од националниот состав може да се окарактеризира само како предавство – изјави Трефилов, а пренесува порталот „Хендбал-планет“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



