| четврток, 6 декември 2018 |

Масовна евакуација во Индија поради циклон

Околу 25 илјади лица беа евакуирани од крајбрежните области на индиската држава Андра Прадеш, по прогнозите дека денеска оваа област ќе биде погодена од циклонот Хелен.

Според прогнозите, циклонот кога ќе пристигне на копното ќе донесе ветрови со брзина од околу 120 километри на час и поројни дождови.

Се очекува циклонот во крајбрежјето да предизвика бранови со височина дo 1,5 метар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top