Ноќеска во НБА се одиграа два натпревара, во кои подобри беа домаќините. Оклахома сити го совлада Лос Анџелес клиперс со 105:91, а Денвер нагетс беше подобар од Чикаго Булс со резултат 97:87. Ова беше осма победа за Оклахома, а петти пораз за ЛА клиперс.
И Денвер ја искористи предноста што ја носи домашниот терен на дуелот против Чикаго. Победникот на овој дуел беше решен во третиот период во кој Нагетс постигнаа 20, а примија само 14 поени. Конечниот резултат беше 97:87.
Дерек Роуз од Чикаго имаше 19 реализации и беше најефикасен на теренот, но тоа не му помогна на Чикаго да го избегне четвртиот сезонски пораз.
Вечерва играат:
ЛА Лејкерс – Голден Стејт
Портланд – Чикаго
Далас – Јута
Њу Орлеанс – Кливленд
Минесота – Бруклин
Мемфис – Сан Антонио
Детроит – Атланта
Бостон – Индијана
Торонто – Вашингтон
Филаделфија – Милвоки
Шарлот – Феникс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.