| четврток, 6 декември 2018 |

Жанко З‘ш: Мртовечкиот ковчег е од претставата „Викенд на мртовци“

Вчера пред Домот на културата „Григор Прличев“ во Охрид беше оставен ковчег и надлежните меѓусебно си ја префрлаат одговорноста, а познатиот радио и ТВ-водител од Охрид, Жанко З‘ш Голабоски, ја реши мистеријата, објави „Инпрес“.

– Некаде околу 2000 година охридскиот аматерски театар, кој тогаш работеше под капата на Домот на културата од Охрид, ја подготви претставата „Викенд на мртовци“. Ковчегот кој вчера „се појави“ зад киното ни го даде како спонзорство една фирма од Охрид. Претставата беше многу интересна и постигна навистина огромен успех. Вториот чин го игравме на градскиот плоштад во Охрид, кој е во непосредна близина на Домот на културата. Беше вистински настан кога со моето „југо“ и ковчегот на него пристигнав на плоштадот – се сеќава Голабоски, кој во претставата го играше ликот на Тасе.

5EDC7CA167F1D145BB4A73DB38732483

Во претставата за која охридската театарска дружина доби гранпри на фестивалот во Кочани, покрај Голабоски играа и Саше Робески, Александра Шурбанова, Климент Георгиевски, Весна Камнарова и други, а режијата беше на Марија Новак.

Мртовечкиот ковчег кој беше користен во оваа претстава, ја разбранува охридската јавност, кога одговорните сакајќи да го отстранат, донеле одлука дека не е лошо да го остават до контејнерите за отпад зад охридскиот Дом на култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top