| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобриот стрелец на Висла ја скрши раката

Водечкиот стрелец на полскиот тим Висла Плок во ЛШ, Валентин Гионеа, ја скрши раката и ќе отсуствува најмалку шест недели

gionea-500

Проблеми за ракометниот тим Висла Плок. По загубата на Мариуш Јуркиевич, овој тим остана и без најдобриот клупски стрелец во Лигата на шампионите, Валентин Гионеа. Тој на тренингот во вторникот ја скрши раката и ќе отсуствува најмалку шест недели.

На оваа позиција во тимот играат уште Ведран Зрниќ и младиот Матеуш Горалски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top