Изгоре автомобилот на секретарот на Амбасадата на Либија во Атина, пренесува грчкиот весник „Етнос“.
Пожарот предизвикал сериозни оштетувања на уште три автомобили.
Полицијата смета дека пожарот е намерно подметнат, но во близина на автомобилот не бил пронајден никаков запалив материјал.
Во тек е полициска истрага за инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


