По пауза од десетина години, поранешниот фудбалски селектор Ѓоко Хаџиевски е повторно во Македонија, но само за кратко. Истото го искористи и за интервју со Жаре во „Еден на еден“, каде што зборуваа за неговиот живот како тренер во Јапонија, Азербејџан и Саудиска Арабија, за неговата авантура кога поради тамошните закони во врска со странските пасоши за малку ќе завршел во саудиски затвор, а секако и за моменталната состојба во македонскиот фудбал и гласините дека повторно ќе биде селектор на репрезентацијата.
Во вториот дел од шоуто, гостинка ќе биде единствената девојка од овие простори која може да се пофали со насловни страници за едни од најпознатите изданија на „Плејбој“ , белграѓанката Анастасија Буџиќ.
Гледајте ја најновата „Еден на еден“ оваа недела на ТВ „Алфа“, во 20.40 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)