| четврток, 6 декември 2018 |

Хамбуршката мафија продавала фалсификувани пасоши за цена од 800 до 1500 евра

ebr-apsenje-vo-carsija-3

Хамбуршката мафија функционирала по теркот на Франкфуртската, односно имале ист начин на организација и регрутирање, дознава „Република“.

Според неофицијални информации, со вчерашната акција на МВР во скопската чаршија финиширала двомесечната операција на македонската и германската полиција, во која било откриено дека туристичката агенција ФБИ била само маска на групата која имала филијала и во Германија, а се занимавала со изработување лажни документи, пасоши и возачки дозволи за Германија, Италија, Грција и Бугарија. Меѓу уапсените е и сопственикот на агенцијата.

За фалсификуван пасош клиентите плаќале од 800 до 1500 евра, а најчесто услуги од хамбуршката мафија барале луѓе кои веќе престојувале во земјите од ЕУ каде што немале регулиран престој. За да не бидат вратени дома, купувале фалсификувани пасоши од таа земја изработени во Македонија.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top