Голем авион „боинг 747 дримлифтер“ по грешка слетал на аеродрим во Вичита, во сојузната американска држава Канзас и сега е „заробен“ поради големината на пистата за полетување.
Летот 4241 од Њујорк требало да слета во Меконел, воздушната база во Канзас, но по грешка слетал на аеродромот „Џабара“, кој се наоѓа на неколку километри оддалеченост.
„Боинг 747 дримлифтер“ има потреба од писта со големина од 2.800 метри за полетување, а пистата на која моментно се наоѓа е долга само 1.859 метри.
„Дримлифтер“ е специјален товарен авион на компанијата „Боинг“ и еден од четирите специјални авиони што служат за транспорт на делови од други авиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)


