| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку четворица загинати при уривање на покрив на супермаркет во Рига

Четири лица загинаа, 30 се повредени, а околу 50 луѓе се уште се затрупани откако вечерва се урна покрив на супермаркет во главниот град на Летонија, Рига.

– Причината за несреќата се уште не е позната, изјави Викторија Сембеле од пожарникарско-спасувачката служба.

Очевидци изјавија дека пред уривањето на покривот се слушнала експлозија.

Сембеле прецизира дека се урнал покривот на супермаркетот „Максима“ со големина од околу 500 метри квадратни.

Според локалните медиуми на покривот на зградата се изведувале дополнителни градежни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top