Агенцијата од Токио „Клајант партнерс“ ниду единствена услуга за осамените Јапонци – им изнајмува пријатели.
Агенцијата изнајмува пријатели на час кои на пример ќе чекаат ред за да купат билети за кинопретстава, ќе живее одредено време в станот на осаменото лице или едноставно ги дружи срамежливите Јапонци кои не се во состојба сами да си најдат пријатели за дружење.
Агенцијата има ценовник за секоја услуга. На пример, дневното дружење кое вклучува заеднички ручек и посета на музеј чини 31.000 јени (над 200 евра).
Сопствениците на Агенцијата тврдат дека Јапонците и покрај 127 милионското население и густината на населеност од околу 350 жители на еден километар квадратен, се чуствуваат се поосамени пред се поради трката за кариера која не им остава доволно време за дружење.
Клиентите на агенцијата најчесто се срамежливи и немаат доволно самодоверба. И самата јапонска конфучијанска култура бара криење на чувствата поради што Јапонците често се воздржани и се лишени од пријатели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.