| четврток, 6 декември 2018 |

Петта победа во серија за Мајами Хит

Тимот на Мајами Хит ја забележа деветта победа во НБА лигата, која всушност беше и петта во серија.

Со убедливата победа на гости во Орландо со 120:92, тимот на Мајами Хит ја забележа деветта победа која е петта победа во серија. Како и секогаш, најдобар во тимот на „жешките“ беше Леброн Џејмс со 21 поен и 7 асистенции, а од противничкиот тим, одлично одигра Арон Афало кој постигна 30 поени.
Од останатите натпревари, Индијана и Мемфис во гости беа подобри од нивните домаќини Њујорк и Голден Стејт, каде до победа стигнаа по продолженијата.
Резултати:
Шарлот-Бруклин 95:91
Кливленд-Вашингтон 91:98
Њујорк-Индијана 96:103 (прод.)
Орландо-Мајами 92:120
Атланта-Детроит 93:88
Филаделфија-Торонто 98:108
Милвоки-Портланд 82:91
Минесота-ЛА Клиперс 98:102
Сан Антонио-Бостон 104:93
Њу Орлеанс-Јута 105:98
Голден Стејт-Мемфис 81:88 (прод.)
Далас-Хјустон 123:120
Феникс-Сакраменто 106:113

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top