| четврток, 6 декември 2018 |

Во чест на роденденот на Тома Здравковиќ (ВИДЕО)

spek-toma

Вчера навршија 75 години од раѓањето на легендарниот српски пејач и боем Тома Здравковиќ. Во негова чест, бендот „Hypnotized“ преработи една од неговите најпознати песни во метал-верзија.

Во име на Тома, ова е „Dotako sam dno života“ со звуци на електрична гитара и тапани.

Првиот боем на српската народна музика Тома Здравковиќ се женел 4 пати. Иако алкохолот бил најголемиот непријател на неговото здравје, тој пиел до последниот ден. Долго време се борел со ракот на простата, но не се придржувал до советите на лекарите.

Тома Здравковиќ бил човек кој еден ден бил исклучително богат, а во следниот немал ни за леб и млеко.

Тој почина на 30 септември 1991 година во Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top