| четврток, 6 декември 2018 |

Венчале Гркинки со Пакистанци за државјанство

grcijaГрчките власти откриле криминална мрежа  што изработувала фалсификувани документи за фиктивни бракови на странски државјани со Грци за добивање грчко државјанство, објави весникот „Етнос“.
Обвинителството во градот Ахаја на полуостровот Пелопонес, почна истрага за случајот откако полицијата добила информации дека вработени во општинската администрација и адвокати биле инволвирани во оваа криминална мрежа. При истрагата летото се откриени случаи на илегални граѓански бракови на странци со Гркинки. Поголемиот број од странците кои склучиле фиктивни бракови во Грција, биле Пакистанци и Индијци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top