
Голема полициска акција во моментов се одвива во Македонија и во Германија, дознава Република од извори во истрагата. Станува збор за разбивање на таканаречената „Хамбург мафија“, која се занимавала со изработка на секаков вид лажни документи: лични карти, патни исправи, возачки дозволи.

Во акцијата клучна улога имала компанија од Скопје, која го носела името „FBI“, друштво регистрирано за трговија и туризам, основано главно од лица кои живеат во скопско Арачиново.
Заедно со своите соработници во Германија тие најчесто изработувале лажни документи од земјите на Европската унија, најчесто Бугарија, Грција и Италија.
Дел од уапсените се приведени во Скопје, а дел во Хамбург.

Од полицијата не соопштуваат официјални детали, но најавуваат повеќе информации за подоцна во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


