| четврток, 6 декември 2018 |

Хулк Хоган сакал да се самоубие

Борачката легенда Хулк Хоган кажа дека го допрел дното на животот по разводот од својата сопруга и дури се обидел да си го одземе животот.

Хулк рече дека неговиот живот почнал да се распаѓа по укинувањето на неговото шоу „Хоган знае најдобро“ во кое, исто така, учествувала и неговата поранешна сопруга Линда.

– По прекинувањето на шоуто, го допрев дното. Почнав да пијам и загубив контрола над својот живот. Дојдов до одредена точка кога размислував за самоубиство како решение за сите проблеми – рече Хоган.

Во тоа време на Ник, синот на Хулк, му се заканувала затворска казна поради сообраќајна несреќа, што дополнително влијаело на психилошката состојба на борачот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top