| четврток, 6 декември 2018 |

По обидот за самоубиство, Манинг прати порака: ОК сум

По неуспешниот обид за самоубиство Челси Манинг испрати порака потврдувајќи дека е во добра здрвствена состојба. Војникот на американската армија одлежува долгогодишна затворска казна поради предавањето на повеќе од 700 илјади доверливи американски документи на сајтот Викиликс.

Дваесет и осум годишната Манинг, која се викаше Бредли пред да го смени полот, одлучила минатата недела да си стави крај на сопствениот живот. Нејзиниот обид бил неуспешен.

Манинг е ставена под зајакнато набљудување.

Манинг, која е поранешниот аналитичар на разузнавачки информации во Ирак, беше осудена на 35 години затвор во 2013 година за предавање на доверливи документи на Викиликс. Тоа беше најголемото истекување на тајни материјали во историјата на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top