| четврток, 6 декември 2018 |

Пукање во Кавадарци – нема повредени

kavadarci

Вчера околу 22 часот имало пукање од огнено оружје во Кавадарци, потврди утринава Анита Стојковска, портпаролка во СВР Велес.

– Во 22 часот во полициската станица од општа надлежност Кавадарци од страна на 48- годишен кавадарчанец е пријавено дека 20 минути претходно додека минувал со возилото низ централното градско подрачје слушнал силно пукање од огнено оружје. Кога продолжил да вози со возилото забележал дека е скршена задната шофершајбна на возилото. Инаку, тој во возилото бил со неговиот брат. Полициска увидна екипа на самото место изврши увид и пронајде чаура од огнено оружје – информираше Стојковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top