| четврток, 6 декември 2018 |

Американска конгресменка ограбена во Вашингтон, конгресмен фатен со кокаин

Пратеничката во американскиот Конгрес од Њујорк, Грејс Менг, била ограбена во центарот на Вашингтон, во близина на заградата на Капитол. Демократската конгресменка Менг била по вечерата во еден од рестораните околу метростаницата „Истерн Маркет“ и се упатила кон нејзиниот стан кога напаѓач ја удрил по главата и ѝ ја одзел чантата марка „гучи“. Полицијата ја нашла конгресменката со повреди на главата, рацете и колената здобиени од ударот и падот.
Во исто време републикансиот конгресмен од Флорида, Треј Радел, најави дека ќе отсуствува од работата на Конгресот откако беше осуден на една година условна казна поради купување кокаин во Вашингтон.
Полицијата го следела Радел и утврдила дека тој повеќепати купувал кокаин и повремено го делел и со други лица.
Радел е нов конгресмен, првпат избран во 2012 година, од Флорида каде што има голема медиумска компанија и каде што работел како радиоводител. Од неодамна, Радел стана член и на групата за пријателство со Македонија во Конгресот на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top