| четврток, 6 декември 2018 |

Хјустон: Убиени три лица, а две тешкоповредени

Вооружен маж убил три и ранил уште две други лица во градот Хјустон во американската сојузна држава Тексас, соопштија локалните власти.

Како што јави ИТАР-ТАСС повикувајќи се на полициски извори, ранетите при нападот се пренесени во болница и се наоѓаат во критична состојба. Полицијата го има описот на напагачот, кој веројатно сè уште е вооружен.

Кај ниту еден од убиените или ранетите не е пронајдено оружје. На почетокот на месецов, при напад во Хјустот загинаа двајца тинејџери, а 19 лица беа ранети. За нападот беше обвинет еден 18-годишник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top