| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Распеан радиокоментатор: гоооооооол, самба, Роналдо, Роналдо, Роналдо…

Легендарниот португалски радиокоментатор Нуњо Матош ги крена на нозе слушателите на „Антена 1“, за време на директниот пренос од реваншот на квалификацискиот меч меѓу Шведска и Португалија. Кристијано Роналдо постигна хеттрик за голема прослава на европските Бразилци и за пласман на СП во Бразил, а Матош имаше неверојатно темпераментен и впечатлив коментар на головите на CR7. Спотот со исечоци од радиопреносот на „Антена 1“, стана вистински хит на интернет со повеќе од 100.000 посети за неполни 24 часа. Послушајте го Матош и неговиот коментар при головите на Роналдо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top