| четврток, 6 декември 2018 |

Златна копачка за Меси, но и златна канта за модна утка на Аргентинецот (фото)

Лионел Меси апсолутно ја заслужи „златната копачка“ како прв стрелец во Европа, со најмногу постигнати голови во ланската сезона, но веројатно ја заслужи и наградата „златна канта“ за утка со изборот на сакото што го носеше на свечената церемонија во Барселона. Таа награда не се доделува во светот на фудбалот, па Меси се спаси, иако лошо избраната гардероба е очигледна.

mesi

 

На фудбалски план Аргентинецот доминираше и со импресивни 46 гола, по третпат ја доби престижната награда за прв стрелец во Европа. Истиот подвиг го имаше и во сезоната 2009/10 кога постигна 34 погодоци и во циклусот натпревари од 2011/12, кога со 50 гола стана крал на стрелците на стариот континент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top