| четврток, 6 декември 2018 |

Сменета директорката на „Шутка“

suzanaАлександар Ѓеорѓиевски е новиот директор на затворот во Шутка. Доаѓа на местото на Сузана Гавриловиќ,објави порталот „Први“ повикувајќи се на извори од Владата.

Иако му заврши мандатот и на директорот на битолскиот затвор, Владата реши Славко Гацовски да продолжи да ја врши оваа функција, исто како што на позицијата останува и актуелниот директор на Македонски шуми, Жарко Караџовски.

Од редовите на ДУИ, кадровски смени се направени во УЈП. Разрешен е заменик-директорот Мухамед Ахмети од Тетово, а нов втор човек на Управата за јавни приходи ќе биде  стружанецот Аргетим Хасани, досегашен управител на „Уника груп“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top