| четврток, 6 декември 2018 |

Перо Антиќ барал од обезбедувањето во Мајами да ги пушти Македонците да влезат на паркетот

И Македонците од Мајами и Флорида со подршка за нашиот Перо Антиќ

Вчера Перо Антиќ на гостувањето против Леброн и Мајами ја имаше досега својата најдобра партија во својата прва НБА сезона.

На паркетот помина 15 минути во игра при што имаше скор од 12 поени, 4 скока, 1 асистенција, и 2 украдени топки.

По добрата игра капитенот на македонската репрезентација на паркетот беше пречекан од Македонци кои што го бодреа за цело време на мечот.

Поддршка зад Перо овојпат дојде  од Мајами и пошироката околина на Флорида.

majami makedonci

Некои од нив не контактираа и  замолија да споделиме слики, притоа сакајќи и да се заблагодарат на тоа што Антиќ сам го замолил обезбедувањето да ги пушти нашите навивачи да пријдат за да може со сите да се поздрави и прегрне, и секако да си направат групна фотографија за да си го овековачат овој драг спомен.

Речиси во секој град каде Антиќ гостува со Атланта тој е пречекан со македонски знамиња при што неретко се слуша и песната „Излези момче “.

 

© Photo by Mishko Josifov United Macedonian Diaspora, Miami/ Florida

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top