| четврток, 6 декември 2018 |

Ставревски: Изградивме 559 станови за социјално ранливите категории, СДСМ нула

stavrevski4g4

Не е прифатен предлогот на опозицијата дел од средствата од буџетот за идната година да се пренаменат за изградба на социјални станови. На денешната дебата во Собранието министерот за финансии Зоран Ставрески посочи дека СДСМ за социјално ранливите категории требало да се грижат кога биле на власт.

– Со парите кои се потрошени на Скопје 2014, по цена од 500 – 600 евра за метар квадратен, под услов да не се откупува градежно земјиште туку да биде државно и да не се плаќаат комуналии, можевте да изградите нов град за 100.000 жители. Нов град, во кој ќе живеат 100.000 да речеме млади луѓе, рече Благоја Стојановски од СДСМ.

Министерот Ставрески дециден – Грижата за социјално ранливите категории требаше да ја изразите додека бевте на власт. Вие тогаш не градевте ниту станови, ниту споменици. Оваа Влада има направено 559 станови за социјално ранливите групи и луѓето се вселија во нив, а Владата на пратеникот кој зборуваше претходно има изградено нула станови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top