Грција и Турција продолжуваат со обвинувањата и навредите околу објектот во Истанбул, Аја Софија. Официјалната Атина го нарекла „анахронизам“ и го осудила барањето за претворање на Аја Софија во џамија особено, како што било наведено, во земјата која тежнее кон полноправно членство во ЕУ. Од тамошното МНР велат дека повторените изјави на високорангираните турски функционери за претворање на христијански византиски цркви во џамии ги навредувале чувствата на милиони Христијани.
Анкара не остана покуса:
– На сите добро им е познат неповолниот однос на грчката влада кон културните добра од Отоманското доба и кон местата за молитви. Турција нема што да научи од Грција кога станува збор за верските слободи.
Во Турција зачестија барањата за пренамена на објектот Аја Софија во џамија. Последното беше кога вицепремиерот на Турција Булент Аринч, пред неколку денови изразил надеж дека „за џамијата Аја Софија ќе дојдат подобри денови“.
Според весникот Хуриет, во низата вакви барања е она на главниот оџа на истанбулската џамија Султан Ахмет, Мустафа Акгул. Иницијатива е доставена и до турскиот парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа


