Според новиот договор постигнат само еден ден по обезбедувањето на пласманот на мундијалот во Бразил, Дидие Дешамп ќе остане на клупата на „триколорите“ до летото 2016 година.
Франција синоќа во реваншот од баражот за СП ја совлада Украина со 3:0 и ја анулира негатива од 2:0 што ја имаше по првиот дуел во Киев.
– Тоа е магијата која ја има фудбалот. Пред само четири дена бевме во многу лоша позиција, а реваншот беше фантастичен. Не се сомневав дека ќе одиме на мундијалот. Овој тим е способен да направи уште многу одлични резултати – изјави францускиот селектор за домашните медиуми.
45-годишниот Дешамп во јули минатата година дојде на клупата на Франција, на местото на Лорен Блан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



