| четврток, 6 декември 2018 |

Видео: Сто склека до полициска униформа

Министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска денес во касарната “Ѓорче Петров“присуствуваше на дел од контролните проверки на пријавените кандидати од конкурсот за прием на 400 полициски службеници во МВР, што започнаа да се реализираат од завчера (18.11) во базата на Единицата за брзо распоредување (касарна “Ѓорче Петров“) и во базата на Единицата за специјални задачи (касарна “Илинден“).

Според зацртаната динамика од првата фаза на “проверка на моторичките способности“ која што треба да заврши до 02 идниот месец, од вкупно пријавените 5.503 кандидати (од кои 4683 мажи и 820 жени) ќе се проверуваат по 250 кандидати на девет локации односно по 500 кандидати дневно.

Кандидатите се повикуваат во два термина и тоа од 09,00 часот и од 11,00 часот. Комисијата за избор на кандидати за полицаец назначена со Решение од страна на министерот за внатрешни работи изготви распоред за повикување на кандидатите по место на пријавување и тоа по следниов редослед: Струмица, Велес, Охрид, Штип, Тетово, Куманово, Битола и Скопје.

sklekovi policajci

Во првата фаза – “проверка на моторички способности“ – се вклучени стучни лица кои имаат за задача да ги вршат моторичките проверки и истите се групирани во тимови составени од по три лица. Формирани се вкупно 20 тима (по 10 на секое место на проверка). При извршување на проверката, стручните лица водат табеларен преглед за проверката на моторичките способности за секое пријавено лице поединечно, во кој се впишуваат податоци за пријавеното лице, постигнати резултати по дисциплини, освоени бодови за секоја дисциплина поединечно и добиениот краен резултат.

sklekovi policajci1

Комисијата за избор на Кандидати за полицаец особено ќе ја има во предвид соодветната и правичната застапеност на сите етнички заедници, а исто така ќе се внимава и на соодветната родова застапеност на кандидатите кои ќе ја поминат селективната постапка.

Инаку, завчера и вчера од вкупно јавените 804 кандидати на проверките – 158 кандидати успешно ги минале тестовите на моторичките способности додека 646 кандидати не ги минале проверките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top