Американскиот амбасадор во Кина, Гери Лок поднесе оставка на својата функција.
За медиумите тој посочува лични причини и дека го известил и претседателот Обама. Мисијата на САД во Пекинг Лок ќе ја напушти во почетокот на идната година.
63 годишниот Гери Лок е првиот Американец со кинеско потекло што бил поставен за амбасадор во Пекинг. Тој е син на кинески емигранти кои пребегале во САД во потрага по подобар живот. Амбасадорот Гери Лок на тоа место беше поставен од август 2011 година.
Во текот на неговиот дипломатски мандат се случија неколку компликувани дипломатски инциденти кои влијаеа врз билатералните односи на двете земји, предизвикувајќи јавни расправии меѓу Пекинг и Вашингтон.
Лани во април двете земји се расправаа околу слепиот кинески политички активист и дисидент Чен Гвенченг, кој откако побегна од домашниот притвор во кој се наоѓаше, доби заштита во американската амбасада во Пекинг. Таму остана шест денови, а во тоа време двете земји водеа мачни преговори околу разрешувањето на инцидентот.
Чен бараше да замине во САД, па по една недела преговори Кина се согласи да го пушти со објаснување дека заминува на „школување во Америка“.
Претходно, кинеските власти беа разгневени, кога во еден од конзулатите на САД во јужна Кина, како бегалец се најде и Вонг Лијун, шефот на полицијата кој ја обелодени аферата со високиот партиски функционер Бо Ксилај, кој е осуден на доживотен затвор за корупција и злоупотреба на должноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кина најпосакувана туристичка дестинација во наредното десетлетие
-
Оставка од УЖ на пратеничката Лилјана Затуркоска
-
Бучковски: Голем предизвик е да се биде амбасадор во САД, но не сум разговарал ниту со премиерот, ниту со Димитров
-
Оставка со пенкало: Боро Стојчев се откажа од функцијата градоначалник