| четврток, 6 декември 2018 |

Нокиа одобри да биде купена од Мајкрософт

mikrosoft nokiaАкционерите на финската телекомуникациска компанија Нокиа ја одобрија продажбата на секторот за производство на мобилни телефони на американскиот гигант Мајкрософт, за 5,44 милијарди евра. Според соопштението на компанијата, која сега ќе стане компанија за производство на телекомуникациска опрема и услуги, акционерите едногласно се согласиле за предлогот.

Продажбата на оваа дивизија од Нокиа треба да биде завршена на почетокот од следната година. Некогашниот светски лидер во производство на мобилни телефони, Нокиа минатата година ја загуби водечката позиција, поради неможноста да се пробие на пазарот на паметни телефони, каде приматот го има јужнокорејскиот Самсунг.

Нокиа минатата година имаше загуба од 3,1 милијарда евра и од 590 милиони евра во првите девет месеци од годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top