| четврток, 6 декември 2018 |

Гораст Цветковски победник на предизвикот на „Микрософт“

DSC_3102

Актерот Гораст Цветковски е победник на предизвикот на „Мајкрософт Македонија“, интернет кампањата Windows 101010.

Предизвикот беше поставен пред десет популарни лица од различи професии во Македонија, кои 10 дена работеа со новиот оперативен систем „Виндоус 10“ и своите иновативни и интересни коментари ги објавуваа на друштвените мрежи.

„Микрософт“ на едно место ги собра ракометарот Стојанче Стоилов, водителот Димитар Атанасовски, Богдан Илиевски – Бетмен Велит, поетот Дарко Лешоски, автомобилистот Игор Стефановски–Иџе, водителката Снеже Велков, претставникот на фан-групата на „Микрософт Македонија“ Иво Гиевски, еден од најдобрите студенти на ФИНКИ Наталија Најдова и победникот на квизот од наградната игра на „Фејсбук“ страницата на „Микрософт Македонија“, Стефан Маркоски, како и победникот Гораст Цветковски.

DSC_3139

Цветковски секојдневно објавуваше интересни постови поврзани со неговото секојдневие и новитетите на „Виндоус 10“, што му ја донесе и првата награда – патување за двајца.

Информацијата за победата ја доби преку „Скајп“ каде облечен како Дедо Мраз одговори на повикот пред присутните на настанот „Windows 10 Device Days“.

DSC_2887

– Навистина сум среќен што бев дел од оваа иновативна интернет кампања на Microsoft. Навистина уживав овие десет дена, комуницирав со моите фанови на „Фејсбук“, објавував интересни постови поврзани со Windows 10 и секако се дружев во останатите учесници во кампањата. Инаку и други луѓе во животот ми имаат кажано дека сум им бил најдобриот до сега, но ова признание кое денеска го добивам ми е навистина најмило. Што се однесува до „Виндоус 10“, без конкуренција би кажал дека е најдобриот до сега оперативен систем!“ – изјави Гораст.

DSC_2805

 

На „Windows 10 Device Days“, настанот кој вчера се одржа во Скопје, беше одлична можност бизнис корисниците  да научат да го позиционираат вистинскиот „Виндоус 10“ уред. Настанот чиј спонзор беше HP, се случуваше на светско ниво, а „Микрософт Македонија“ го организираше во соработка со Comtrade.

Говорници на настанотбеа Билјана Јанева, Влора Адеми од Microsoft Macedonia, Microsoft Certified Trainer Владимир Степиќ и Горан Ивановски од HP.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top