Има многу пропусти и многу грешки, не е само една. Ние во новата истрага опфативме се. Ги анализиравме сите детали и секоја можна активност. Грешката не е само кај една групација на луѓе без оглед кои биле и од каде биле. Тоа биле збир на повеќе грешки, го пренесе МИА, Омер Кулиќ, претседател на комисијата која врши нова истрага за авинската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски.
Кулиќ зедно со 15-члената комисија неделава се во Мостар каде што ги анализираат добиените информации, со цел да ги откријат разликите со првиот извештај за падот на „Кингерот“. Веќе се контактирани и земени се изјави од жителите на селото Ротимље. Авионската несреќа во која загинаа претседателот Трајковски, придружната делегација и екипажот се случи на 26 фецруари 2004 година на подрачјето на село Ротимље во близина Мостар.
Омер Кулиќ минатиот месец гостуваше во Република ТВ, кога истакна дека се откриени нови детали кои не биле опфатени во првата истрага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
(Вознемирувачка содржина) Нема преживеани лица во авионската несреќа во Индонезија
-
Ова е последната фотографија со другарките: Мина од својата моминска заминала директно во смрт
-
Бизнисмен и неговото семејство загинаа во авионска несреќа
-
Доделување стипендии „Борис Трајковски” за постдипломски студии