| четврток, 6 декември 2018 |

Пејачката Кели Кларксон бремена

Како што пренесуваат светските медиуми пејачката Кели Кларксон го очекува нејзиното прво дете.

– Бремена сум!!! Брендон и јас сме воодушевени. Најдобар поклон за Божиќ – вака напиша 31-годишната пејачка на Твитер.

Кларксон која беше првата победничка на натпреварот „Американски идол“ во октомври се омажи со менаџерот Брендон Блексток.

Блексток има веќе две деца од претходниот брак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top