По многу проблеми и три сменети селектори во десетмесечната квалификациска кампања, Мексико се избори за настап на Светското првенство во Бразил на уверлив начин со две победи против Нов Зеланд, со вкупен резултат од 9-3. Орибе Пералта е јунакот на популарните „Ел Три“ со 3 гола во реваншот на гостински терен, и два во првиот меч, што е извонреден биланс од вкупно 5 погодоци во баражот.
Мексико допатува во Нов Зеланд со огромна предност од 5-1, а веќе по 45 минути игра во реваншот беше јасно кој ќе патува во Бразил. Пералта нанижа хет-трик до 33 минута, маките на домаќините ги зголеми Броки со промашен пенал, па продолжението од мечот беше само формалност.
Интересен е начинот на кој Мексико се протна до баражот во квалификациски циклус за заборав. Во последните секунди од последното коло, Американците му помогнаа на лутиот ривал со гол за победа против Панама, па „Ел Три“ и буквално се спаси од дебакл. Потоа храбар потег повлече селекторот Мигел Ерера, кој повика само домашни играчи за бараж двомечот со Нов Зеланд. Дури седуммина се од од клубот каде работи Ерера, а тоа е Клуб Америка, што се покажа како добитна комбинација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)


