| четврток, 6 декември 2018 |

Франц ќе се жени на пролет

Со години беше еден од најпосакуваните скопски ергени, а сега Владимир Крстевски – Франц, наскоро ќе ги каже своите завети. Избраничката на едната половина од „Нокаут“ е Ема, ќерка на бизнисменот Иван Џо Петрески.

– Во принцип, сакам приватниот живот да си го задржам за себе. Среќен сум, убаво ми е и тоа е најважно. Живееме заедно, планираме свадбата да ја направиме кога ќе се затопли и тоа е се што можам да ви кажам – вели Франц за „Вечер“.

Тој ги демантираше сите муабети дека наскоро ќе стане татко, и засега само ужива во љубовта и заедничкиот живот со неговата свршеница.

Новиот албум на „Нокаут“ ќе излезе до крајот на годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top