| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска слави пласман на СП, Исланд ќе чека нова шанса за историја

Хрватска го победи Исланд со 2-0 во реванш бараж мечот во Загреб и си обезбеди пласман на Светското првенство во Бразил, идната година. „Коцкестите“ рутински ги надиграа Исланѓаните, иако цел час играа со фудбалер помалку по исклучувањето на Мари Манџукиќ. Напаѓачот на Баерн го постигна првиот гол, а потоа направи непромислен потег, остро стартуваше и доби директен црвен картон. Сепак Хрватска е искусна селекција, лесно се престрои и со уште еден погодок на Даријо Срна славеше со 2-0. Првиот меч заврши без голови.
Исланд имаше шанса да стане единствената селекција што има под еден милион жители, со настап на Мундијалите, но одиграа слабо во реваншот и ќе чекаат нова шанса за историја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top